Барселона со осум „младинци“ на мегдан против Виљареал (ФОТО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска се играат неколку натпревари од 34.коло во шпанската Ла Лига, а меѓу нив е и мечот помеѓу Виљареал и Барселона.

Барселона има тешко гостувње и ако сака да го задржи чекорот со Реал Мадрид, ќе мора да слави против Виљареал.

Тренерот Кике Сетиен избра 23 фудбалери за мечот, а на листата се наоѓаат дури осум „младинци“ и играчи на резервниот тим на Барселона.

Каталонците на гостувањето ќе стигнат без Самуел Умтити и Осман Дембеле, а Сетиен не може да смета ниту на Де Јонг.