Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед игра одлично по ковид паузата и со три победи и едно реми се во борба за Лигата на шампионите.
На последниот натпревар против Борнмут, „ѓаволите“ го растурија Борнмут со 5:2, а по натпреварот се случи интересен момент.
Имено, по натпреварот Солскјер замина кај Аке и му упати зборови кои брзо се проширија низ социјалните мрежи.
Според фановите, Солскјер наводно му рекол на Холанѓанецот дека му треба стопер кој игра на левата страна и да продолжи да напредува.
Од друга страна, „БТ Спорт“ кој го реализираше преносот пренесе дека Солскјер му кажал на Аке дека неговите соиграчи во дефанзивата и немале многу среќа на овој натпревар.
По овие најави „Телеграф“ веднаш излезе со став дека Јунајтед ќе тргне по Натан Аке како замена за Маркос Рохо кој дефинитивно ќе си оди од клубот.
Solskjaer a Ake: "Necesitamos un central zurdo. Sigue adelante." #MUFC #DiablosRojos pic.twitter.com/roZEjrBBPi
— Diablos Rojos (@DiablosRojosEs) July 6, 2020