Бивш фудбалер на Шкендија зарази 20 играчи со Ковид-19!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бизарна ситуација беше забележана во бугарскиот фудбалски шампионат на мечот меѓу Царско село и Черн оморе.

По мечот повеќе од 20 фудбалери и останати лица биле позитивни на коронавирусот, зашто Мартин Кавдански, поранешен играч на Шкендија, играл заболен од Ковид-19.

Од Царско село велат дека се случило недоразбирање во лабораторијата, зашто сите резултати кои ги добиле во четвртокот биле негативни.

Меѓутоа, ден подоцна од лабораторијата потврдиле дека имало грешка и дека Кавдански играл на натпреварот заразен со Ковид-19.

Во понеделникот стигна ново соопштение од клубот во кое пишува дека 16 фудбалери на тимот се позитивни на вирусот и дека се во изолација.