Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипата на Арсенал до самиот финиш на натпреварот против Лестер ја имаше победата во своите раце, но на сцена стапи Џејми Варди кој донесе бод за „лисиците“.
„Топчиите“ поведоа со голот на Обамејанг во 21. минута кој ја искористи одличната асистенција на Букајо Сака.
Во првиот дел Арсенал имаше контрола на играта и имаше уште неколку одлични шанси, меѓутоа Шмајхел беше на висина на задачата.
Лестер го израмни резултатот преку Џејми Варди кој во 84. минута го совлада Емилијано Мартинез. Претходно Еди Нкетијах доби директен црвен картон откако опасно стартуваше врз Ндиди.