Спектакуларно второ полувреме со шест гола, Милан го изненади фаворизираниот Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Екипите на Милан и Јувентус ни приредија спектакуларен натпревар, посебно во вториот дел во денешната дерби пресметка во Серија А.

На крајот на победа се радуваше Милан кој славеше со 4:2 и кој за кратко време успеа да анулира два погодоци предност на Јувентус.

Во првиот дел немаше голови, но затоа второто полувреме ни понуди екстра возбудувања.

Резултатот го отвори Адриен Рабио со еден од најубавите голови во сезоната. Кристијано Роналдо набрзо зголеми на 2:0 и тогаш се мислеше дека е крај на надежите за МИлан.

Сепак, Ибрахимовиќ од пенал во 62. минута, а во 66. минута веќе бгеше 2:2 откако Кеси го матираше Шчесни.

Во следниот напад нов шок за Јувентус откако Рафаел Леао по трет пат ја затресе мрежата на полскиот голман.

Конечниот резултат го постави Анте Ребиќ со гол во 80. минута од натпреварот.