Солскјер со јасен став кога беше запрашан за Лукаку и Алексис: И денес би го сторил истото


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер инсистира дека не жали за тоа што дозволил некои од големите имиња како Ромелу Лукаку и Алексис Санчез да си одат од клубот.

Покрај нив двајца клубот го напуштија и Андер Ерера, Антонио Валенсија, Матео Дармија, а на позајмица си заминаа и Ешли Јанг, Крис Смолинг и Маркос Рохо.

Многумина се пожалија во тој период дека Јунајтед само продава играчи без да им донесе нивна замена, но сега клубот има серија од 16 натпревари без пораз и се во трка за пласман во топ 4 на првенствената табела.

Запрашан дали од денешна гледна точка жали за тоа што на пример не донел замена за Ромелу Лукаку на позицијата број 9, Солскјер одговори:

„Ова не е натпревар за тоа дали ќе си популарен тренер. Мора да носам одлуки и мислам дека тие се за доброто на клубот.

Одлуките кои ги донесовме минатото лето и во јануари, со носењето на играчи и дозволувањето на други да си заминат според мене беше за доброто на клубот, а во тимот им дадовме шанса на младите, а влеавме доверба и во останатите кои беа во клубот.

Ако ме прашате, повторно би ги донел истите одлуки и да можам да се вратам назад шест или 12 месеци“ –јасен беше Солскјер.