Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Екипите на Брајтон и Ливерпул одиграа супер натпревар на „Амекс“ по кој новиот шампион на Англија ја однесе побредата со 3:1.
„Црвените“ поведоа со брзи два гола на Салах и Хендерсон, а пред крајот на полувремето Тросард намали на 2:1.
Во вториот дел Мохамед Салах по втор пат го совлада Рајан, овој пат со глава по одличното нафрлање на Робертсон.
И двата тима имаа одлични шанси и за уште погодоци на овој натпревар.