Бејл легна да спие додека Реал Мадрид на терен ја освојува титулата (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Велс, Герет Бејл повторно ги налути навивачите на Реал Мадрид, откако синоќа беше забележан како спие на трибините.

Реал Мадрид славеше со 2-0 против Алавес, па така дојде на чекор до новата титула, а Бејл не доби шанса да настапи на теренот.

Зинедин Зидан не го пушти фудбалерот од Велс на терен, а тоа очигледно го налути, па тој реши да си ја стави маската преку очи и да покаже колку не го интересира што се случува околу него.