Челси сака супер засилување за голманската позиција


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот медиум „Дејли Мирор“ пренесува дека од таборот на Челси разгледуваат можност за ангажман на супер засилување за голманската позиција.

Станува збор за чуварот на мрежата на Атлетико Мадрид, Јан Облак кој и официјално статистички е играчот кој најбрзо стигнал до 100 зачувани мрежи во Ла Лига.

Облак има откупна клаузула во својот договор од 100 милиони фунти, а „Мирор“ пишува дека Челси ќе се обиде да ја намали истата со тоа што на Атлетико Мадрид ќе го понуди нивниот актуелен голман, Кепа Аризабалага.

Се шпекулираше дека Челси ја разгледува опцијата за ангажман и на голманот на Ајакс, Андре Онана, но секако дека за фановите ангажман на Облак би бил далеку поприфатлива работа.