Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе објави дека не успеал да пронајде начин за да замине во Италија и напиша дека нема да вози на трката Муџело.
Македонија е на списокот на држави, чии граѓани не смеат да влезат во Италија поради пандемијата на Ковид-19.
„Направивме сè. До последен момент, очекувавме дека веројатно ќе може да патуваме во Италија и викендов да возам на патеката Муџело.
За жал, денес веќе дефинитивно е јасно, дека на оваа трка нема да учествувам. Направивме се’ што можевме. Покриени се сите трошоците за котизација, со цел да може да обезбедиме учество. Го подготвивме автомобилот кој ги има потребните перформанси за трка. Ја контактиравме амбасадата на Италија. Разгледувавме алтернативи, барајќи можност, до последен момент. За жал, безуспешно.
Нашата земја се најде на списокот на земји, чии граѓани поради пандемијата од коронавирусот, добија забранет влез во Италија.
Верувам дека во следниот период годинава, јас заедно со мојот автомобил и мојот тим, ќе може да бидеме дел од меѓународните тркачки предизвици. Целата енергија и напори ќе ги фокусираме кон ТЦР шампионатите низ Европа. Силно сум убеден дека ќе успееме да бидеме дел од следните трки“, напиша Иџе.