Циндриќ: Најтежок период ми беше во Металург, а тоа со Вардар не се опишува!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот ракометар Лука Циндриќ во текот на кариерата настапуваше за Вардар, со кој ја освои титулата во Лигата на шампиони.

Циндриќ во интервју за хрватски „Нет.хр“ откри детали од неговиот престој во Македонија, каде што го носеше дресот и на Металург.

„Моето доаѓање во Вардар беше важен момент во кариерата. Најтешкиот период го минав на Суд со Металург, зашто не сакаа да ми дадат исписница. Тогаш беше лоша атмосферата, клубот се распаѓаше, плати немаше по четири, пет месеци… Сите ракометари добија исписница, само на мене не ми дадоа. И потоа, половина година немав клуб. Тоа беше стресен период, а потоа преминав во Вардар и таму се појави големата желба. Секако, се поклопи и со супер-тренерот Раул Гонзалес, со кого напредував најмногу и успеав да ја освојам европската титула“, кажа Циндриќ.