Манчестер Јунајтед се вклучи во трката по играчот на Баерн Минхен


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот „Експрес“ пренесува дека Манчестер Јунајтед е блиску до ангажман на фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара.

Шпанскиот интернационалец ќе си оди од баварскиот клуб во потрага по нов предизвик во својата кариера.

Тимот на Ливерпул се поврзуваше со ангажман на играчот кој ќе чини само 30 милиони фунти, а сега „Дејли Експрес“ пренесува дека сериозен интерес за него има и од таборот на Манчестер Јунајтед.