До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Навивачите конечно ќе се вратат на трибините ширум стадионите во Англија, а тоа го потврди премиерот Борис Џонсон.
По три месеци пауза поради пандемијата на коронавирусот, сезоната во Премиерлигата продолжи, но без публика за да се спречи ширење на вирусот.
Меѓутоа, британскиот премиер најави дека од октомври ќе може навивачите да се вратат на спортските натпреварувања.
„Од октомври планираме да ја вратиме публиката на спортски настани. Дозволете ми уште еднаш да напоменам дека измените мора да се прават на безбеден начин за да се спречи ширење на Ковид-19, а тоа ќе зависи од успехот на генералните проби на помалите спортски случувања“, кажа Џонсон.















