Навивачите го нарекоа „Бог“, па Биелса ги воодушеви со реакцијата (ВИДЕО)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лидс, каде што настапува македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, конечно обезбеди пласман во Премиерлигата.

Марсело Биелса беше херојот кој успеа со својата тактика да го однесе тимот во елитното друштво по 16 години, а навивачите се воодушевени од тренерот.

Навивачите пристигнаа покрај куќата на Биелса и му скандираа, а еден од фановите му кажа дека е Бог, по што тренерот луто му одговори „не, не“.