Борусија Дортмунд го потврди ангажманот на англискиот талент за кого притискаше Манчестер Јунајтед


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од Борусија Дортмунд го потврдија ангажманот на младиот англиски фудбалер, Џуд Белингем.

Фудбалерот пристигнува од редовите на Бирмингем кој ќе добие сума од околу 30 милиони евра за услугите на играчот кој беше редовен во Чемпионшип лигата оваа сезона.

Белингем пред една недела успешно ги мина медицинските прегледи, а денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на клубот од Дортмунд.