(ФОТО) Дресот на Роналдо од рекордната ноќ заврши во рацете на струмичанец

Членот на младинската школа на Јувентус, Никола Секулов (18), го доби дресот на Кристијано Роналдо како подарок.

По натпреварот Јувентус – Лацио, во кој Роналдо ги постигна двата гола за Старата дама, Секулов доби подарок за паметење.

Португалецот му подари дрес, тие поминаа кратко време заедно, а освен тоа, Секулов овековечи сè со заедничка фотографија.

Секулов е по потекло од Македонија, но подоцна играше за репрезентацијата на У-17 на Италија, и е член на јуниорскиот тим на Јувентус.