Урнебесно: Навивач на Јуве прошета низ плажа, а луѓето паѓаа и викаа „пенал, пенал“ (ВИДЕО)


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Јувентус чекори кон нова титула во италијанската Серија А, која е вкупно 36. во нивната историја, но многумина сметаат дека судиите сериозно ги „туркаат“ и дека Кристијано Роналдо и соиграчите се на прво место поради тоа.

Причината за такво нешто се дискутабилните пенали, кои сезонава ги доби „Старата дама“, а посебно тоа беше случај во претходниот период.

Еден навивач на Јувентус го почуствува револтот на своја кожа додека шеташе на плажа во дресот на италијанскиот шампион, а луѓето околу него скокаа на песокот и викаа „пенал, пенал“.