Го удри гром, беше со денови на апарати и во кома, а сега потпиша – професионален договор! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Младиот руски голман Иван Заборовски сигурно засекогаш ќе го памети јули, откако пред девет дена го погоди гром додека тренираше со екипата, а сега потпиша професионален договор.

Голманот беше во кома неколку дена и сите беа загрижени за неговото здравје, но тој успешно се рехабилитираше и сега конечно му се оствари сонот.

„Огромни честитки за 16-годишниот голман, кој потпиша прв професионален договор со клубот“, објави клубот на нивната страна на Твитер.

Само една недела претходно сите се молеа да преживее момчето, а каква драма се одвиваше на теренот по ударот на громот раскажа и тренерот Антон Басов.

„Кога дојдов до него, лежеше на стомак. Го свртев и видов дека целиот дрес му е изгорен. Почнавме со реанимација…“, раскажа тренерот.