Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Старата Дама ја продолжи својата доминација во Италија и на две кола пред крајот на сезоната успеа да ги реши дилемите околу тоа кој ќе биде првак оваа сезона.
По мечот играчите на Јуве знаеа како да ја прослават новата титула, а сега фокусот е на Лигата на шампионите која веќе со години е „рана“ на овој клуб.
На Инстаграм синоќа се огласи и поубавата половина на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, која знаеше како да му ја честита новата титула на својот избраник. Таа објави фотографија со нивните деца и прати фантастична порака.
„Единството е силата и денес повторно сме прваци. Не знам кој збор треба да го измислам за да ја опишам твојата посветеност и она што го претставуваш и работиш. Ти си инспирација за сите нас и најдобар си во универзумот. Ти продолжуваш да работиш 24 часа, 365 дена од година во година, но секогаш се исплати. Не можеме да бидеме погорди на тебе. Славиме со пижама парти“, порача Георгина.