Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот во 2020 година, а тоа го покажа истржаувањето на „Бренд Фајненс“.

Оваа компанија направи студија во која ги рангираше клубовите на основа на вредноста на својот бренд, а „кралевите“ и годинава останаа на прво место со 1,42 милијарди евра, и покрај тоа што вредноста поради пандемијата им падна за 13,8%.

На второто место зад Реал Мадрид е Барселона, која има вредност од 1,41 милијарди евра, а годинава има пораст од 1,4%.

На третата позиција се наоѓа Манчестер јунајтед кој има вредност од 1,31 милијарди евра, а исто така доживеа загуба од големи 10,7%.

Во топ-10 се наоѓаат уште и Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Тотенхем и Арсенал.