Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу реши да го запре трансферот на аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез.
Одличниот 22-годишен напаѓач веќе долго време се поврзува со трансфер во Барселона, а Бартомеу неодамна откри дека преговорите биле во тек, но истите сега се прекинати.
Шпански „АС“ пишува дека Бартомеу ги запрел преговорите за трансфер и тоа поради лошата економска ситуација во клубот.
„Бартомеу го даде единственото логично решение, а тоа е да нема големи засилувања, освен ако не замине некоја ѕвезда. Одлуката е донесена откако Ла Лига порача дека трансферот на Артур нема да го смета за приход доколку станува збор за размена со Јувентус“, пишуваат Шпанците.