Играч на Тотенхем на радарот на Милан

Од таборот на Милан се заинтересирани во своите редови да го донесат десниот бек на Тотенхем, Серж Орие.

Францускиот фудбалер во последно почна да добива шанса од Жозе Мурињо и тешко дека Португалецот лесно би се откажал од неговите услуги.

Милан пак сака да го ангажира 27 годишниот Орие само ако ги продаде Давиде Калабриа или Андреа Конти.