Американски милијардер нов сопственик на Рома

Американскиот милијардер Дан Фридкин ќе стане новиот сопственик на Рома.

Италијанските медиуми објавија дека сегашниот сопственик Џејмс Палота ги потпишал повеќето документи за продажба на клубот и дека клубот наскоро ќе биде официјално во рацете на групата Фридкин.

Целосното преземање на римскиот клуб ќе биде реализирано до крајот на август.

Остануваат да се потпишат некои мали нешта, а целокупната работа е вредна околу 600 милиони евра.

Дан Фридкин (55) на тој начин ќе отвори ново поглавје во историјата на Рома и ќе видиме кои се плановите и амбициите на овој американски бизнисмен.

Навивачите се секако заинтересирани за инвестиции и да се борат за трофеи, но сè ќе биде во рацете на Фридкин, чие богатство се проценува на четири милијарди долари.