Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Главната цел на Јувентус сезонава е освојување на Лигата на шампиони, трофеј кој во Торино последен пат стигна пред 24 години.
Италијанскиот шампион во петок ќе брка негатива од 0-1 против Лион во осминафиналето, а во случај на елиминација, Маурицио Сари ќе добие отказ.
Управата веќе размислува за нов тренер, па се шпекулира кој би можел да го замени Сари на кормилото на италијанскиот шампион.
Новинар на „ТутоМеркато“ открива дека голема желба на Јувентус е Зинедин Зидан, поранешен играч на клубот и актуелен стратег на Реал Мадрид.
Јувентус, исто така, се поврзува и со Симоне Инзаги, Џан Пјеро Гасперини, Маурицио Покетино и Лучано Спалети.