Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓
Иако тренерот на Барселона, Кике Сетиен кажа дека Лионел Меси ќе биде подготвен за настап во четвртфинале на Лигата на шампиони, по ударот од Калиду Кулибали на средбата против Наполи, сепак кај Каталонците може да се забележи загриженост.
Аргентинецот не се појави на денешниот тренинг, а шпанските медиуми пишуваат дека нема да тренира до ден пред мечот против Баерн, кој е закажан за петок.
Навивачите се плашат дека Меси нема да биде доволно подготвен да го даде својот максимум, но во Барселона решија да го поштедат за да се рехабилитира на време.
Иако се плашеа за сериозна повреда на ногата, сепак Меси има само поголема модринка, па се очекува да настапи во петок од 21 часот.