Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор, кој настапува за Реал Мадрид, призна дека имал само два дена да размисли чија понуда ќе ја прифати.
Тоа беше откриено во трејлерот за најавата на документарецот „Камп де Естрелас“, серијал кој Реал го објави за да открие одредени детали за навивачите.
„Имав само два дена да решам дали ќе заминам во Реал или Барселона“, кажа Бразилецот.
Винисиус пристигна во Мадрид во 2018 година од Фламенго, каде што на дебито дојде до тоа навивачите да му го скандираат името. Интересно е тоа што од својот прв договор за бразилскиот тим им купи куќа на родителите.