Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Барселона претрпе катастрофа во Лигата на шампионите во петокот со пораз во четвртфиналето против Баерн со 8:2.
Каталонците целосно беа понижени против германскиот шампион, а фудбалерите се мета во јавни критики. Но, еден од нив беше во првите редови, а тоа беше Нелсон Семедо.
Португалецот имаше очајна вечер во Лисабон против Баерн. Неколку од реакциите за Семедо беа дека е директен виновник за головите на германскиот клуб.
Ова е случај и со последниот гол на Баерн, кога дефанзивецот на Барса се обиде да направи офсајд-стапица, но Семедо „заспа“, што Баварците веднаш го казнија.
Фотографија на која се гледа како реагираше Семедо во таа ситуација е шокантна за Барселона. Дури и медиумите го прогласија Семедо за најлош десен бек на Барса во историјата, а како објаснување сите ја објавија оваа фотографија.