Стигна и официјална потврда: Кике Сетиен повеќе не е тренер на Барселона


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од таборот на Барселона и официјално потврдија дека Кике Сетиен повеќе не е тренер на клубот.

Искусниот стратег си заминува од кормилото на Барселона по крајно неуспешната сезона во која се случи и понижувачкиот пораз од Баерн Минхен од 8:2.

„Бордот на директори се согласи дека Кике Сетиен повеќе не е тренер на првиот тим. ОВа е прва одлука во рамките на поширокото реструктуирање на првиот тим кое ќе биде договорено меѓу сегашниот технички секретар и новиот тренер кој ќе биде објавен во следните денови“ –стои во соопштението од Барселоина.

Нов тренер на каталонскиот гигант речиси извесно ќе биде Роналд Куман кој во моментов е селектор на Холандија.