Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пандемијата на вирусот донесе големи удари на буџетите на клубовите. Секој ден пристигнуваат информации за финансиските загуби, а Борусија Дортмунд објави дека загубила 44 милиони евра.
Првенството во Бундеслигата беше прекинато во март, а потоа продолжи без навивачи. Тоа донесе големи загуби, посебно ако знаеме дека Борусија имаше голема поддршка од навивачите.
„Заврши периодот кога работевме и добивавме. Финансиски секогаш бевме позитивни, но вирусот го промени тоа“, кажа директорот на Борусија.
Тој додаде дека се намалени приходите од спонзорства, телевизија и трансфери, а позитивна страна се приходите од рекламите и новите спонзори.
Првенството во Германија ќе почне на 18 септември без навивачи.