Роналдо убедува ѕвезда на Реал Мадрид да потпише за Јувентус!?

Италијанските медиуми пишуваат дека Кристијано Роналдо побарал од управата на Јувентус да му го донесат поранешниот соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема.

Не е тајна дека Роналдо сака да игра покрај Французинот, кој осум години му беше идеален соиграч и фудбалер кој на Португалецот му асистираше за најмногу голови во кариерата.

По заминувањето на Роналдо, целиот товар падна на грбот на Бензема, а сега Роналдо бара клубот да му го донесе во Торино следната сезона.

Но, тоа е невозможна мисија, дури и ако Јувентус го понуди Дибала затоа што Бензема е незаменлив и прва ѕвезда на тимот, а тренерот Зинедин Зидан нема намера да се откаже од неговите услуги.