Од Лацио со коментар по потегот кој им го направи Давид Силва

Денеска беше објавено дека Давид Силва кариерата ќе ја продолжи во ЛА Лига во дресот на Реал Сосиедад.

Веќе неколку денови се шпекулираше дека работата со Лацио е веќе готова и затоа многумина останаа изненадени  кога Сосиедад го објави трансферот на Силва.

По ваквиот трансфер се огласи спортскиот директор на Лацио, Игли Таре кој истанка дека е разочаран од однесувањето на Давид Силва.

„Го почитувам Давид Силва како фудбалер, но не како човек“ –изјави Игли Таре.