Жестока провокација од Нејмар: Бразилецот ги „пецна“ Германците (ФОТО)

Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар на духовит начин ги „пецна“ играчите на Лајпциг, по пласманот на францускиот клуб во финалето на Лигата на шампиони.

ПСЖ го совлада Лајпциг со убедливи 3-0 во полуфиналето на елитното натпреварување, а Нејмар повторно блесна на теренот и беше еден од најзаслужните за големиот успех на тимот.

Следеше голема прослава со соиграчите во соблекувалната, а атмосферата по мечот ја сподели и со фановите на социјалните мрежи.

„Тато оди во финале“, напиша Нејмар на Инстаграм, а притоа објави фотографија со Ред Бул за да го „пецна“ ривалот.