Хендерсон преку социјалните мрежи се збогува со Шефилд, ќе добие ли шанса во Манчестер Јунајтед?


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Одличниот чувар на мрежата, Дин Хендерсон и официјално се збогува со тимот на Шефилд Јунајтед што сигурно значи дека нема да се врати на „Брамал Лејн“ следната сезона.

Шефилд е пред ангажман на Арон Ремсдејл од редовите на Борнмут, па така Хендерсон шанса ќе бара во Манчестер Јунајтед или во друг клуб каде би играл како позајмен фудбалер.

„Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на сите во Шефилд Јунајтед за претходните две години. Промоцијата во Премиер лигата со моите браќа и сезоната која ја имавме сега никогаш нема да ги заборавам.

Сакам да им се заблагодарам на менаџерот, моите соиграчи, стручниот штаб и секако на фановите кои беа неверојатни со мене.

Со нетрпение го очекувам мојот следен предизвик! Уште еднаш, ви благодарам за се, -напиша меѓу другото Дин Хендерсон.