Легендата на македонската кошарка, Драган Василов-Цевка почина во Маврово!


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Драган Василов-Цевка, познатио македонски младински тренер, почина на 64-годишна возраст на кампот за млади кошаркари кој се организираше од страна на Кошаркарската федерација на Македонија во Маврово.

Драган речиси повеќе од три децении работеше како тренер на млади кошаркари, а тренираше и голем број поранешни македнски репрезентативци како Перо Антиќ, Ѓорѓи Чековски итн…

Познатиот македонски тренер во 1999 година ја предводеше кадетската репрезентација на Македонија на Европското првенство во Словенија, каде што го освои шестото место.

Исто така, тој работеше во клубови како Работнички, Торус СЦБТ, Партизан Водно Санс, Јуниор и Феникс 2010.