Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пишува „Скај Спортс“, Челси е блиску да постигне договор со Лестер сити за трансфер на левиот бек Бен Чилвел.
Според нив направен е напредок во преговорите, но целосен договор уште не е постигнат и се очекува тоа да биде готово во следните денови.
Франк Лампард така доби уште една голема битка, откако претходно ги ангажираа Хаким Зијех од Ајакс и Тимо Вернер од Лајпциг и ја победија конкуренцијата.
Лестер за својот дефанзивец бара околу 90 милиони евра, но наводно Челси ќе го добие неговиот потпис за 30 милиони евра помалку.
Се шпекулира и дека Челси во моментов е во преговори со Баер Леверкузен за Каи Хаверц, како и со искусниот дефанзивец Тиаго Силва, кој е слободен фудбалер.