Леверкузен не попушта, нема „корона попуст“ за Челси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Руди Фелер инсистира дека клубот нема да попушти пред нападите на Челси за ангажман на Каи Хаверц.

Фелер истакна дека Чесли ќе го добие играчот само доколку се плати бараната сума и дека нема да има никаков „корона попуст“ за играчот.

Баер Леверкузен за услугите на Хаверц бара сума од околу 90 милиони фунти која е премногу и за клуб како Челси и тоа е причината што трансферот се уште не е готов.

„Нема ништо ново, се уште сме релаксирани за сето тоа. Секако дека ќе сме среќни ако Каи остане уште една сезона.

Во време од коронавирусот многу од цените на играчите се намалени. Но со корона или без корона, нема можност за неверојатни играчи како Хаверц или Санчо да си одат со попуст. Нема „корона попуст“ за нив“ –јасен беше Фелер.