Фудбалер на Арсенал кој беше редовен минатата сезона пред трансфер во Вулверхемптон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Вулверхемптон се во напредни преговори со Арсенал за ангажман на фудбалерот кој може да покрие неколку позиции на теренот, Ејнсли Мејтланд Најлс.

Микел Артета му дал одврзнаи раце на 22 годишниот фудбалер да бара нова средина, а од Арсенал поставиле цена во висина од 30 милиони фунти за неговите услуги.

Вулверхемптон се согласил да ја плати оваа сума и да го донесе Мејтланд- Најлс во своите редови како замена за Џони Ото кој заработи тешка повреда на натпреварот против Олимпијакос во рамките од Лига Европа.

Инаку, Мејтланд- Најлс беше редовен во таборот на Арсенал минатата сезона која ја заврши со 32 настапи во сите конкуренции.