Барселона ќе го продаде Меси, ама кој ќе даде огромно богатство?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Долго време во медиумите се шпекулира дека Лионел Меси би можел да ја напушти Барселона бидејќи неговиот договор завршува следната сезона.

Како најсериозни кандидати за неговиот потпис се сметаат Интер, Манчестер сити и ПСЖ, но Аргентинецот може да ја напушти Барселона само за 700 милиони евра.

Толку изнесува неговата клаузула во договорот со каталонскиот гигант, па тие не би требале да прават проблем доколку некој испрати таква понуда. Сепак, тешко дека некој има толку многу пар за еден фудбалер.