Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Денеска судот во Миконос ја донесе конечната казна за фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.
Мегваер учествуваше во голема тепачка на Миконос, а потоа нападна и полицајци по што беше приведен и два дена задржан во притвор.
Сега, фудбалерот заедно со неговиот брат како и еден пријател се пронајдени за виновни по три основи и тоа за напад, спротивставување при апсењето и за подмитување на полицајците.
Судот му изрече казна затвор од 21 месец, но бидејќи претходно Мегваер не е осудуван помина само со условна казна според која три години не смее да повтори ваков сличен инцидент.
Од правниот тим на фудбалер најавија обжалување на одлуката затоа што според нив Мегваер е оштетената страна во случајот.