Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Лионел Меси побара да замине од Барселона, а тоа беше потврдено со документот кој се појавии во јавност, по што веднаш се појавија шпекулации за неговата иднина.
Аргентински „Оле“ објави дека виновник за тоа е новиот тренер Роналд Куман, кој наводно му порачал на Меси дека ги губи „сите првилегии во тимот“.
Веднаш потоа се појавија и првите шпекулации за неговиот нов клуб, а Џанлука Ди Марцио напиша дека Интер не е во трка за неговиот потпис, туку дека Меси ќе се пресели во Манчестер сити кај Пеп Гвардиола.