Фудбалска војна во Барселона: Меси го направи тоа од што сите се плашеа, сега нема назад!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лионел Меси го извести раководството на Барселона дека сака веднаш да замине од клубот, па сега го направи првиот чекор кон разделба.

Досега нивната комуникација беше преку факс, но сега Меси направи потег од кој сите се плашеа. Тој не се појави на задолжителниот ПЦР-тест за ковид-19, што значи дека во понеделник нема да може да се појави на првиот тренинг на клубот.

Шпанските медиуми пишуваат дека ова е ситуација која нема решение. Проблемот е тоа што Жозеп Марија Бартомеу не сака да остане запаметен како претседател кој го продал најдобриот фудбалер во светот, а Меси нема намера да се остане во клубот.

Да потсетиме, пред два дена беше објавено дека Меси се договорил со Манчестер сити, па најверојатно тоа ќе биде негов нов клуб во кариерата.