Имобиле ќе остане во Лацио до 2025 година! (ФОТО)

Фудбалерот на Лацио, Чиро Имобиле нема да замине од италијанскиот клуб барем уште некое време затоа што ја продолжи соработката до 2025 година, а неговата плата ќе биде четири милиони евра годишно.

Директорот за комуникации на Лацио, Стефано ди Мартино објави дека Имобиле според новиот договор ќе остане во клубот до 2025 година и тоа е негов професионален и личен избор.

„Сакавме веднаш да потврдиме, зашто веста пристигна пред неколку часа. Важно е тоа што Имобле го следат многу важни тимови, а тој е сопственик на Златната копачка. Со овој избор Имобиле реши да остане во Лацио“, вели Де Мартино.