Како може Меси бесплатно да замине од Барселона?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Капитенот на Барселона, Лионел Меси нема намера да се врати во клубот, но невозможно е да се очекува дека некој ќе плати 700 милиони евра за неговиот трансфер.

Аргентинецот инсистира да ја напушти Барселона една година пред крајот на договорот, но од Ла Лига стигна потврда дека тоа не е можно и дека ќе биде слободен само ако некој ја плати неговата клаузула.

„ЕСПН“ пишува дека раководството на Барселона смета дека Меси може легално и бесплатно да замине само ако ја пропушти следната сезона.

Истиот извор пишува дека во таков случај 33-годишниот фудбалер ќе мора да се откаже од платата, што е малку веројатно.

Меси во понеделникот не се појави на тренингот на Барселона, а ден претходно го пропушти и тестирањето на ковид-19.