Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд истакна дека би му посакал добредојде на Лео Меси во Премиер лигата дури и ако фудбалерот се пресели во Манчестер Сити.
Клубот од синиот дел од Манчестер во моментов е најсериозен кандидат за ангажман на Лео Меси, но тоа не му пречи на Гринвуд кој истакна дека би било прекрасно да се игра против еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
„Ќе биде неверојатно дури и да се игра против него. Сите млади фудбалери знаат за Меси, па да се биде на истиот терен со него ќе биде како остварување на уште еден сон, не само за мене, туку за сите.
Да се има некој од толку висок профил во Премиер лигата ќе биде и тоа како голема работа“ –изјави Гринвуд.