Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таткото и менаџер на Лионел Меси замина во Барселона на преговори со управата на каталонскиот клуб во врска со иднината на Аргентинецот.
„Скај Спортс“ објави дека Хорхе Меси со приватен авион од Росарио заминал во Барселона, каде што ќе има состанок со првиот човек на клубот, Жозеп Марија Бартомеу.
Меси во неделата не се појави на тестирањето на ковид-19 пред стартот на подготовките, а не беше присутен ниту на тренинзите.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата минатата недела побара од клубот да го пушти како слободен играч, но Барселона има намера да го задржи до крајот на договорот, кој е до јуни 2021 година.
Доколку не најдат заеднички јазик, случајот на Меси би можел да се решава на суд, а Меси тврди дека неговата клаузула во договорот, според која може да ја напушти Барселона бесплатно е активна, иако Ла Лига го потврди спротивното.