Дефанзивците од Премиерлигата се плашат од Меси: Би ме фатила паника!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Лионел Меси покажа желба да ја напушти Барселона и има голема шанса да се случи тоа ова лето. Еден од најдобрите фудбалери во историјата би можел кариерата да ја продолжи во Премиерлигата.

За можниот трансфер во Премиерлигата на Меси зборуваше и одличниот дефанзивец на Вулверхемптон, Конор Коуди.

„Најверојатно ќе ме фати паника, би имало многу страв пред мечот додека се обидуваме да сфатиме дека играме против Меси. Може да ги погледнете сите снимки на светот за да се подготвите и пак ќе се мачите. Сепак, тоа би било одлично за Премиерлигата“, вели дефанзивецот.