Аргентински новинар тврди: Меси ќе остане во Барселона!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Аргентинскиот новинар Мартин Аревало тврди дека постои 90% можност Лионел Меси да остане во Барселона, иако многу светски медиуми шпекулираат дека Аргентинецот се договорил со Манчестер сити.

Аревало на социјалните мрежи напиша дека најреална можност во моментов, по вчерашниот состанок, е Меси да остане во Барселона.

Првиот состанок на таткото на Меси и претседателот Жозе Мартија Бартомеу заврши без договор за иднината на фудбалерот.

Меси минатата недела соопшти дека сака да ја напушти Барселона бесплатно, зашто смета дека неговата клаузула во договорот уште е активна, иако така не мисли Ла Лига.

Барселона, од друга страна, тврди дека клаузулата не е активна и бара 700 милиони евра за негов трансфер.