Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
„Пост јунајтед“ објави информација дека Барселона ќе му плати 25 милиони евра на Лион за Мемфис Депај, па се шпекулира дека тој ќе биде новата „деветка“ на клубот и ќе го замени Луис Суарез.
Роналд Куман, наводно, сака да ја промени формацијата, па Барселона ќе игра во формација 4-2-3-1, а сите веруваат дека Меси конечно ќе биде вистинска „десетка“, па останува да видиме каде ќе игра Депај.
Суарез е отпишан и најверојатно ќе биде продаден во Јувентус, па така ќе се ослободи доволно голем буџет кај каталонскиот гигант.
Со ова продолжува хаотичната состојба во Барселона, која едвај успеа да го задржи Лионел Меси, иако со недели се најавуваше дека Аргентинецот ќе замине.