Четири фудбалери на Ливерпул во избор за најдобар играч во Премиерлигата

Здружението на професионални фудбалери најдобриот играч на сезоната ќе го прогласат во вторник.

Четири фудбалери на Ливерпул се во изборот за најдобар фудбалер во Премиерлигата во сезоната 2019/20.

Од екипата на шампионот на Англија во избор за најдобар се Вирџил ван Дајк, кој таа награда ја освои минатата година, па следат Трент Александер-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане.

Освен фудбалерите на Ливерпул, во избор уште се и фудбалерите на Манчестер сити, Кевин де Брајне и Рахим Стерлинг.