Јаја Туре исфрлен од тимот за хуманитарен натпревар, на соиграчите им нудел проститутки


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во недела на „Олд Трафорд“ ќе биде одигран хуманитарниот фудбалски натпревар во организација на „Сокер Ејд“ на кој требаше да присуствува и Јаја Туре.

Сепак, поранешниот фудбалер на Манчестер Сити нема да биде дел од овој натпревар затоа што е исфрлен од организацијата.

Причината за тоа е што Јаја Туре преку „Вотсап“ групата на која биле сите учесници на натпреварот им понудил на играчите 19 проститутки.

Дел од фудбалерите се пожалиле до организаторите поради ваквото однесување на Туре, па затоа веднаш следела реакција и тој бил отстранет од тимот.